Дома Топ вести Избран идеалниот тим во Лигата на Европа

Избран идеалниот тим во Лигата на Европа

Второто по ранг европско натпреварување, Лигата на Европа по завршувањето на финалето ги избра и најдобрите за оваа сезона.

На голот место доби голманот на Рома, Миле Свилар кој беше најзаслужен што римскиот клуб стигна до полуфиналето каде што беа поразени од Баер Леверкузен.

Триото во одбраната во формација 3-5-2 го сочинуваат: Џимшити од Аталанта, Тах од Леверкузен и Манчини од Рома.

Во средниот ред место имаше за: Ругери и Компајнерс од Аталанта и Џака и Фримпонг од Леверкузен.

Херојот на Аталанта од финалето кој постигна три гола Лукман очекувано е во нападот, а друштво му прават Обамејанг од Марсеј и Вирц од Леверкузен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…