Дома Фудбал Останато Игуаин: Медиумите не ми дозволија да уживам во Европа

Игуаин: Медиумите не ми дозволија да уживам во Европа

Гонзало Игуаин неодамна пристигна во Интер Мајами како слободен играч откако го раскина договорот со Јувентус.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


За клубот од МЛС Игуаин одигра шест натпревари и постигна еден гол. Тоа не е задоволителен учинок за еден напаѓач, но за него е важно што повторно ужива во фудбалот.

„Ја следев оваа лига, тука долго време игра мојот брат, сакав да дојдам тука за повторно да бидам среќен. Интер Мајами ми даде се што ми е потребно. Со доаѓањето тука го изгубив она детско чувство кое во Европа го изгубив поради разни причини“, изјави 32 годишниот Игуаин.

Во Интер Мајами Игуаин ќе игра и заедно со неговиот брат Федерико.

„Многу работи не знаев за него затоа што бевме далеку еден од друг. Изгубивме 15 години, сега ќе се обидеме да го надополниме тоа време“, порача Игуаин.

Медиумите се една од причините поради што одлучил да ја напушти Европа.

„Медиумите ми правеа притисок, морав да се докажувам секој ден и покрај се што имав направено во кариерата. Немав повеќе трпение, не можев да уживам во такви околности“, заврши аргентинскиот напаѓач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Паднатиот гигант во 2023 година го одби Луис Енрике: Ти не си доволно добар

Луис Енрике прави чуда со ПСЖ. Минатата сезона го однесе францускиот шампион до титулата в…