Дома Фудбал Игуаин: Лесно е да критикувате од фотеља!

Игуаин: Лесно е да критикувате од фотеља!

Јувентус синоќа одигра нерешено против Тотенхем во Торино, а после мечот следеа критики од навивачите поради пропуштеното водство од 2:0.

Гонзало Игуаин постигна два гола во 2-та и 9-та минута, а потоа во последната минута од првото полувреме пропушти да реализира пенал.

Клубот од Лондон не се предаде па преку Хари Кејн во 35-та и Ериксен во 72-та минута стигна до израмнување.

„Добро утро на сите. Лесно е да зборувате после мечот од фотеља…До 2:0 се беше перфектно, а после 2:2 мислењата брзо се променија. Нас навистина не не интересираат таквите мислења. Сега одиме во Лондон за да победиме и да го осигураме пласманот. Прегратка за секого кој му посакува добро на Јувентус“, напиша Игуаин на Инстаграм.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Даглас Луиз блесна кога му беше најпотребно на Јувентус!

Со асистенција за Мекени и својот прв гол за клубот, Даглас Луиз го предводеше Јувентус до…