Дома Фудбал Останато Игуаин: Во Јувентус некогаш го вовлекував стомакот за да изгледам подобро

Игуаин: Во Јувентус некогаш го вовлекував стомакот за да изгледам подобро

Гонзало Игуаин после Реал Мадрид три години играше за Наполи од каде што во 2016 година премина во Јувентус за 90 милиони евра.

Во торинскиот клуб со позајмици во Челзи и Милан се задржа до 2020 година. Сега во интервју за „ТyC Sports“ Игуаин зборуваше за периодот во Италија и други теми.

„Навивачите на Наполи ме мразеа, а потоа во осум натпревари им дадов шест гола. После 36 гола во сезоната за Наполи не се двоумев дали да се преселам во Јувентус“.

Еден период во Јувентус имаше проблем со вишокот килограми.

„Во Јувентус многу повеќе беа посветени на килограмите. Имаше фотограф кој ме сликаше секоја година. Мене тоа ми беше смешно затоа што знаев дека се ќе биде во ред, дојде сезоната и постигнав 30 голови. Некогаш го вовлекував стомакот за да изгледам подобро на сликите“, изјави Игуаин.

Игуаин во кариерата имаше прилика да игра и со Роналдо и со Меси, а како подобар го избра својот сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бразилски новинар го критикуваше Жесус: Португеса е поголем клуб од Арсенал!

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус пред неколку дена официјално беше претставен како ново з…