Дома Фудбал Останато Играч на Џенова осуден на 6 години затвор поради силување

Играч на Џенова осуден на 6 години затвор поради силување

Судот во Сиена го осуди играчот од средниот ред на Џенова, Маноло Портанова на шест години затвор за учество во групно силување, објавија тамошните медиуми.

Портанова е обвинет дека силувал 21-годишна девојка на забава во Сиена. Делото го извршил во мај минатата година заедно со неговиот роднина Алесио Лангела, но и со уште двајца негови пријатели, Алесандро Капиело и неименуван 17-годишник.

И Портанова и Лангела побараа брзо судење и денеска беа осудени на шест години затвор, објави весникот. Исто така, им беше наредено да платат 120.000 евра како компензација на жртвата и нејзиното семејство.

Италијанскиот играч за врска се изјасни за невин, па сигурно ќе поднесе жалба на одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Официјално: Џејми Варди има нов клуб

Џејми Варди стана нов член на Барнли. Англискиот второлигаш ја соопшти веста дека 39-годиш…