Дома Фудбал Англија Играчот на Ливерпул влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ (видео)

Играчот на Ливерпул влезе во „Гинисовата книга на рекорди“ (видео)

0

Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александер-Арнолд, официјално влезе во Гинисовата книга на рекорди, откако минатата сезона во Премиер лигата запиша 12 асистенции.

Имено, во сезоната 2018/19 тој направи 12 асистенции, со што го урна досегашниот рекорд на поранешните фудбалери на Евертон, Енди Хинчклиф (1994/95) и Лејтон Бејнс (2010/11), како дефанзивец со најголем број на асистенции.

„Ова е навистина голема чест. Секогаш сакам да одам напред и да му помогнам на тимот да искреира шанси за гол. Очигледно е дека другото им преостанува на моите соиграчи да ја сместат топката во мрежата, бидејќи фудбалот е тимска игра и без нив овој рекорд немаше да постои. Ова е неверојатно горд момент за мене и моето семејство и се надевам дека ќе стои уште многу години“, изјави Арнолд.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Македонија – Израел: Време е за победа и прекин на „црната серија“ со Израел

Македонија ги завршува квалификациите за пласман на Европското Првенство на домашен терен …