Дома Фудбал Германија Играчот на Борусија: Халанд понекогаш ме нервира

Играчот на Борусија: Халанд понекогаш ме нервира

Ерлинг Халанд пред прекинот со фудбалот поради пандемијата со коронавирусот беше главна тема во фудбалската јавност, а тоа продолжи и од кога играчите се вратија на терен.

Норвежанецот игра одлично во Дортмунд по трансферот од Салзбург. Од кога во зимскиот преоден рок Халанд пристигна во Борусија постигна 13 гола на 14 натпревари, а сето тоа има дополнителна тежина ако се земе предвид дека станува збор за играч кој се уште не наполнил 20 години.

Зошто Халанд е таков каков што е можеби најдобро зборува изјавата на неговиот соиграч од Борусија, Томас Дилејни. Дилејни призна и дека некогаш Халанд го нервира.

„Гледам млад играч кој сака да биде се подобар. Понекогаш знае да биде непријатен бидејќи сака се да биде совршено, од храната до тренингот. Мислам дека најдобро ги користи сите луѓе кои ги има околу себе, посебно неговиот татко кој знае како функционираат работите во фудбалот“, изјави Дилејни.

Инаку, таткото на Халанд Алф-Инге кој исто така играше за норвешката репрезентација низ кариерата настапуваше за Нотингем, Лидс Манчестер Сити.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Клоп: Среќен сум што на Сити му е укината казната

УЕФА пред пет месеци го исфрли Манчестер Сити од Европа и го казни со 30 милиони евра пора…