Дома Фудбал Англија Играчот кој му даде гол на Ливерпул пред 10 дена играл заразен со Ковид-19

Играчот кој му даде гол на Ливерпул пред 10 дена играл заразен со Ковид-19

Саутемптон го совлада Ливерпул на 4. јануари оваа година на свој терен, а стрелец на единствениот гол на тој натпревар беше Дени Ингс.

Сега се појавија информации дека Дени Ингс тој натпревар го играл заразен со коронавирус. Ингс голот го постигна уште во втората минута, а теренот го напушти 13 минути пред крајот на натпреварот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако од натпреварот поминаа 10 дена наодите покажале дека Ингс бил позитивен на вирусот. Оваа вест ја потврди и шефот на стручниот штаб на Саутемптон Ралф Хасенхутл.

Екипата на Ливерпул за три дена ја очекува големо дерби против Манчестер Јунајтед. Во Ливерпул веќе имаат проблеми со повредените играчи, па се надеваат дека ова нема да им направи дополнителни.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се заинтересира од Нејтан Аке

Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го доведе дефанзивецот на Манчестер С…