Дома Фудбал Италија Играчот кој е мета на Интер и Јувентус навива за Милан (ФОТО)

Играчот кој е мета на Интер и Јувентус навива за Милан (ФОТО)

Фудбалерот на Фиорентина Федерико Киеза е еден од најбараните италијански фудбалери на трансфер-пазарот и очекувањата наскоро да ја промени средината, сериозен интерес за неговите услуги покажаа Интер и Јувентус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Интер и Јувентус веќе подолго време се поврзуваат со Киеза, а тој сега одговарајќи на прашања на неговиот Инстаграм профил откри дека е навивач на Милан.

Прво тој доби прашање кој е негов омилен играч. Избра тројца играчи и сите беа поранешни фудбалери на „росонерите“.

Роналдо (Бразилецот), Кака и Шевченко“, гласеше одговорот на Киеза.

По тоа прашање следуваше и уште едно да избере еден тим од Интер на Мурињо кој освои „триплета“ и Милан кој беше предводен од Шевченко.

„Милан со Шева“, одговори Киеза.

Можеби ова е еден повик до управата на Милан да се обидат да го доведат Киеза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Конате е сигурен за Реал Мадрид, убедени се во шпанската престолнина

Се очекува Ибрахима Конате, да пристигне во Реал Мадрид како слободен агент, повторно изве…