Дома Фудбал Репрезентации Играчите на Шпанија вчера јасно покажале што мислат за отказот на Морено

Играчите на Шпанија вчера јасно покажале што мислат за отказот на Морено

Голем хаос се случуваше вчера во Мадрид после натпреварот помеѓу Шпанија и Романија во рамките од последното коло во квалификациите за Европското првенство.

Шпанците ја совладаа Романија со 5:0 и така на најдобар начин ставија точка на квалификациите. Но, веднаш после натпреварот се падна во втор план и во центарот на вниманието се најде селекторот Роберт Морено.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Имено, тој влегол во соблекувалната и со солзи им соопштил на фудбалерите дека добил отказ.

На никого не му било јасно што се случува, a Морено само добил информација дека нема да ја води оваа селекција на ЕП.

Набрзо потоа се потврди дека Енрике кој му го отстапи местото поради болеста на неговата ќерка се враќа на клупата. Така Морено нема да го води тимот на големиот турнир иако под негово водство „Фуријата“ се пласираше.

За работата да биде уште полоша Морено нема да му биде ниту помошник на Енрике.

Реномираната „Марка“ пишува дека играчите на Шпанија застанале на страна на Морено и му пружиле поддршка. Откако тргнале кон автобусот во знак на протест ниту еден играч на репрезентацијата не сакал да даде изјава за медиумите. Тоа го направи и Морено кој не се појави на редовната прес-конференција.

Шпанците денес ќе одржат прес-конференција на која ќе го промовираат Енрике во старо-нов селектор и ќе ја објаснат одлуката.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…