Дома Фудбал Англија Ибра не е повреден, туку е во конфликт со Мурињо

Ибра не е повреден, туку е во конфликт со Мурињо

Ѕвездата на романскиот фудбал, Адриан Муту даде интересен коментар за Златан Ибрахимовиќ и менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Муту тврди дека Ибрахимовиќ не игра за Манчестер Јунајтед само поради тоа што е во конфликт со Жозе Мурињо.

„Навистина не ми е грижа за Мурињо. Тој не зборува за перформанси, туку само за резултат. Имам информации дека Ибрахимовиќ не е повреден, туку само е во конфликт со Мурињо“, изјави Муту.

Ибрахимовиќ се врати на терените после тешката повреда на коленото, но во последните два месеци воопшто не е во тимот на Јунајтед, а официјалното образложение од клубот е дека Швеѓанецот е повреден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пожарите го одложија дебито на Левандовски за новиот клуб

Дебитантскиот настап на Роберт Левандовски за Чикаго Фајр мораше да биде одложен. Натпрева…