Дома Фудбал Англија Ибра за инцидентот со Колман: Ако го удрев намерно ќе го пратев на спиење!

Ибра за инцидентот со Колман: Ако го удрев намерно ќе го пратев на спиење!

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Златан Ибрахимовиќ ги негираше тврдењата дека намерно го удрил во главата Шејмус Колман на мечот со Евертон.

Двајцата се судрија при една ситуација на почетокот на второто полувреме и останаа сомневањата дека Швеѓанецот намерно го удрил во глава Колман.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Од видеото навистина е тешко да се процени дали Ибрахимовиќ имаше намера, но Швеѓанецот излезе со свој став за тоа што ќе се случело доколку навистина сакал да го удре Колмен.

„Имаше доста физички дуели за време на натпреварот, тие играа доста цврсто. Слушнав дека еден од коментаторите кажа дека јас сум удрил некого во глава. Тоа беше дуел 50-50 и тој ме повлече доле. Верувајте ми, ако сакам да удрам некој во главата, знам како да го направам тоа и да го испратам на спиење. Тоа е единственото што имам да го кажам“, истакна Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Томас Милер може да заврши во клуб каде што никој не очекува!

По долгогодишна кариера започната уште како млад фудбалер, Томас Милер го напушта Баерн. О…