Дома Топ вести Ибра донесе одлука: Повторно ќе стане „росонер“

Ибра донесе одлука: Повторно ќе стане „росонер“

Златан Ибрахимовиќ донел одлука за својата иднина и наскоро ќе потпише со Милан, пренесе италијанската новинска агенција АНСА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Двете страни се во напредна фаза на преговори, а 38-годишниот Швеѓанец ја прифати понудата на „росонерите“ и наскоро се чека официјализација.

Претходно, техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини потврди дека клубот ги продолжува преговорите со Ибрахимовиќ, кој имаше понуди од неколку европски клубови.

Ибра е слободен агент откако му заврши договорот со ЛА Галакси и долго време се шпекулираше за неговата иднина, а на крајот одлучи да се врати на „Сан Сиро“. Тој играше за Милан од 2010 до 2012 година и стана шампион на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…