Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ: Прашав колку играчи на Милан играле Лига на шампиони, мислев дека се шегуваат

Ибрахимовиќ: Прашав колку играчи на Милан играле Лига на шампиони, мислев дека се шегуваат

Златан Ибрахимовиќ го пропушти првиот натпревар на Милан во Лигата на шампионите против Ливерпул.

Искусниот напаѓач не можеше да им помогне на своите играчи кои го намачија Ливерпул на „Енфилд“ и на крајот сепак беа поразени со 3:2.

Швеѓанецот е задоволен од она што го прикажале неговите соиграчи и истакна дека сега дел од играчите знаат како е да се игра во најелитното европско натпреварување.

„За многумина вчерашниот натпревар беше прв во Лигата на шампионите, но сега знаат што е потребно за да бидат таму. Екипата сфати што е потребно за да игра против најдобрите. Среќен сум поради нив. Се сеќавам дека на крајот на минатата сезона ги прашав колкумина од нив играле во ЛШ. Двајца или тројца ја кренаа раката. Мислев дека се шегуваат, но беше вистина. Оној кој не играл во Лигата на шампионите не знае што пропуштил“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Само Перишиќ во Серија А постигнал гол од пенал со двете нозе

Интер вчера го доживеа првиот пораз сезонава во Серија А, Лацио бешѓе подобар од „нероаѕур…