Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ неизвесен и за натпреварот против Џенова

Ибрахимовиќ неизвесен и за натпреварот против Џенова

Се уште не се знае дали Ибрахимовиќ ќе може да игра во среда против Џенова.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Првата ѕвезда на Милан Златан Ибрахимовиќ денес се приклучи на тренинзите со остатокот од екипата, но и понатаму е неизвесен за натпреварот кој Милан ќе го игра во среда против Џенова.

Шведскиот напаѓач не играше на претходните неколку последни натпревари, а еден ден после вчерашното реми со Парма се приклучи на екипата.

Популарниот Ибра тренираше со намален интезитет, но конечната одлука за негов настап ќе ја донесе стручниот штаб на Милан во согласност со медицинските лица во текот на утрешниот ден.

После ремито на Милан со Парма второпласираниот Интер на табелата дојде само на три бода.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Младински репрезентативец на Македонија го засили Тиквеш!

Фудбалскиот клуб Тиквеш го реализираше второто засилување во летниот преоден рок, ангажира…