Дома Фудбал „Ибрахимовиќ ми ја уништи кариерата“

„Ибрахимовиќ ми ја уништи кариерата“

Сонот на секој фудбалер е да заигра за репрезентацијата на својата земја, а понекогаш вашиот сон може да се претвори во кошмар.

Златан Ибрахимовиќ веќе две децении е еден од најдобрите фудбалери, па многу противници не си поминаа добро во натпреварите против Швеѓанецот.

Во ноември 2012 година во Стокхолм играа Шведска и Англија, а тоа беше натпреварот во кој Ибрахимовиќ постигна гол со ножички од 40 метри.

За Англија тогаш дебитираше Рајан Шокрос, кој денес има 34 години и неговиот сон се претвори во кошмар, кој го прогонува сѐ уште.

„Ибрахимовиќ ми ја уништи кариерата. Имав шанса и мислам дека многу други дефанзивци не успеаа да го запрат. Станав предмет на исмејување“, изјави Шокрос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ботхајм со два гола, Викинг со пресврт до убедливи 4-1 против Сабах

Сабах прв поведе, но Викинг одговори со четири гола и ја запиша првата победа во лигашката…