Дома Фото Ибрахимовиќ: Марадона не е мртов!

Ибрахимовиќ: Марадона не е мртов!

И Златан Ибрахимовиќ не успеа да издржи да не се огласи после веста за смртта на Диего Армандо Марадона.

Практично сите играчи и клубови на некој начин се опростија од Марадона, според многумина најдобриот играч на сите времиња.

Во објавата на Инстаграм Ибра порача дека Ел Пибе не е мртов, туку дека е бесмртен и ќе живее вечно.

„Марадона не е мртов, тој е бесмртен. Бог му го даде на светот најубавиот фудбалски поклон на сите времиња. Ќе живее засекогаш.“ – напиша Ибра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Арена Спорт лансира нов канал: Спорт за деца и млади

Арена Спорт најави нов канал посветен на спорт за деца и млади, прв од ваков вид во регион…