Дома Фудбал Италија Ибрахимовиќ летово бил решен да замине, откри кој е најзаслужен што останал

Ибрахимовиќ летово бил решен да замине, откри кој е најзаслужен што останал

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона игра одлично во дресот на Милан иако има 39 години.

Ибрахимовиќ во досегашниот дел од сезоната одигра десет натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 11 голови. Иако е ветеран од натпревар во натпревар покажува за каков мајстор се работи.

Сигурно дека Ибра е најдобар играч на Милан и своите игри ги мотивира соиграчите на посебен начин. „Росонерите“ се први на табелата во Серија А.

Во Милан Ибрахимовиќ се врати на почетокот на оваа година како слободен играч, но потпиша договор на само пола година. Златан сакаше во текот на летото да си замине, сепак се одлучи да продолжи уште една година.

Сега искусниот Швеѓанец откри дека летото бил веќе решен да си замине и да оди во Шведска со неговото семејство, Пиоли бил тој го убедил да ја промени одлуката.

„Му кажав дека заминувам бидејќи знаев колку жртвувам поради моето семејство кое е во Шведска. Сакав да се вратам дома и тоа му го кажав на Пиоли. Тој ми кажа дека ја почитува мојата одлука, а наредниот ден повторно ме побара. Тогаш ми кажа дека прелесно ме пуштил и дека не може да остане на тоа, ми порача дека овој тим би бил многу поинаков без мене“.

„Бев на одмор, но помислив колку тоа ќе биде нов и фасцинантен предизвик за мене. Размислив малку и му се јавив на Раиола да го заврши договорот“, изјави Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

„Играчите со диктатор како Мурињо се однесуваат како овци“

Поранешниот фудбалер на Ливерпул Стен Колмор го нарече Жозе Мурињо диктатор. Колмор денес …