Дома Фудбал Ибрахимовиќ: Донарума е најдобриот голман во светот

Ибрахимовиќ: Донарума е најдобриот голман во светот

Џанлуиџи Донарума не го продолжи договорот со Милан откако „росонерите“ не ги прифатија барањата за високата плата кои ги постави младиот голман.

Менаџерот Мино Рајола сега му бара друг клуб, но во овие моменти тешко му оди. Како кандидати во медиумите се споменуваат, но во овој момент нема ништо конкретно.

Сега Ибрахимовиќ кој исто така соработува со Рајола во интервју за „Газета дело Спорт“ кажа пофални зборови за Донарума.

„Донарума е најдобриот голман во светот, тој можеше да биде новиот Паоло Малдини на Милан“.

Како потенцијално засилување на Милан се споменува Жиру, а Ибра е среќен ако дојде францускиот напаѓач..

„Навистина би бил среќен ако дојде Жиру, потребни ни се такви фудбалери“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…