Дома Македонски спорт Мак фудбал Ибраими и Несторовски најдобри: Еве ги лауретите на ФФМ!

Ибраими и Несторовски најдобри: Еве ги лауретите на ФФМ!

Бесарт Ибраими на домшната и Илија Несторовски се најдобрите во македонскиот фудбалер за 2015/2016 година. Меѓу лауреатите, во традиционалниот избор на Фудбалската федерација на Македонија се и малдите фудбалери кои се пласираа на Европското првенство.

Репрзентативецот од Шкендија, Бесарт Ибраими е најдобриот фудбалер и стрелец во домашното првенство, додека Илија Несторовски напаѓачот на Палермо е најдобриот македонски интернационалец.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ибраими поради операција не беше присутен на церемонијата, признанијата ги прими неговиот татко, додека Несторовски поради обврските во Палермо на присутните им се обрати со видео порака.

Најдобар тренер е Благоја Милевски селекторот на младата репрезентација, со која избори пласман на Европското првенство. Младите фудбалери кои го остварија историскиот резултат за македонскиот фудбал добија специјални награда.

Најдобар млад фудбалер во Македонија е Елиф Елмас, најдобар судија Димитар Мечкаровски, а сопственикот на Вардар Сергеј Самсоненко е фудбалски работник на годината.

Најдобрите во македонскиот фудбал во 2015/2016:
Најдобар фудбалер: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)
Најдобиот репрезент на македонскиот фудбал: Илија Несторовски(ФК Палермо, Италија)
Најдобар тренер: Благоја Милевски
Специјална награда: Фудбалска репрезентација на Македонија, играчи до 21 година
Најдобар стрелец во ПМФЛ: Бесарт Ибраими (ФК Шкендија)
Фер-плеј екипа: ФК Хоризонт Турново
Најдобар судија: Димитар Мечкаровски
Најдобар играч во футсал: Игор Леовски (КМФ Железарец)
Најдобар тренер во футсал: Иван Божовиќ (КМФ Железарец)
Најдобар фудбалер во младинска категорија: Елиф Елмас (ФК Работнички)
Признание за животно дело: Љбисав Иванов-Ѕинго
Најдобар фудбалски работник: Сергеј Самсоненко (ФК Вардар)
Најдобар клуб во младинска категорија: ФК Вардар
Најдобар тренер во младинска категорија: Југослав Тренчовски (ФК Академија Пандев)
Најдобар стрелец во младинска категорија: Александар Мишов (ФК Академија Пандев)
Најдобра фудбалерка: Теодора Димовска (ЖФК Драгон)
Најдобар тренер во женски фудбал: Илија Мандаров (ЖФК Драгон)
Најдобар стрелец во женски фудбал: Афродита Салихи (ЖФК Драгон).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

ГРК Тиквеш доби силен спонзор од својот град

Екипата на ракометниот суперлигаш Тиквеш од Кавадарци се пофали со нова соработка за следн…