Дома Фудбал Останато Зошто Халанд е таков ѕвер? Норвежанецот откри некои негови ритуали

Зошто Халанд е таков ѕвер? Норвежанецот откри некои негови ритуали

Ерлинг Халанд блесна на почетокот на минатата сезона во дресот на Салзбург, а потоа продолжи со одличните настапи во дресот на Борусија Дортмунд.

Одличниот норвешки напаѓач е вистински кошмар за противничките одбрани. Халанд сруши бројни рекорди, но тој од самиот себе не беше задоволен.

„Често пати размислувам колку шанси сум промашил. Можев да постигнам и повеќе од 50 голови. Не е тоа арогантно, тоа само покажува дека имам потенцијал за такво нешто“, изјави Халанд.

Халанд има посебни методи со кои се одржува спремен и во ритам, сега откри некои од неговите тајни.

„Често користам ледени топки и посебни наочари кои ја филтрираат светлината од електронските направи. На тоа гледам како нешто што ми ги подобрува настапите за процент повеќе. Очилата ми помагаат да имам подобар сон. Се е во малите детали. Се обидувам да бидам подобар секој ден. Се надевам дека најдоброто од Ерлинг Халанд допрва ќе дојде“, изјави 20 годишниот напаѓач.

Нема дилеми дека Халанд има потенцијал да направи уште поголеми работи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Конте: Без најдобриот против Парма и Реал!

Лоши вести за Антонио Конте, но и сите навивачи на Интер. Ромелу Лукаку во текот на вчераш…