Дома Топ вести Зошто фотографијата на Меси и Банега во тунелот е толку посебна?

Зошто фотографијата на Меси и Банега во тунелот е толку посебна?

Ривалството вчера траеше 90 минути, а нивното пријателство е долго повеќе од 20 години.

Банега вчера се обидуваше на сите начини да му направи проблем и обратно. Меси и постигна гол за 4:0. Банега со своите остри стартови се обидуваше да ја спаси Севиља на „Ноу Камп“, но Барса беше пресилна и славеше лесно и убедливо во дербито на колото во Ла Лига.

Подоцна Меси побара дрес од Банега, иако вообичаено се случува спротивното, противниците бараат дрес од Лео. Сепак, Банега за Меси не е само противнички играч, тој за Меси е многу, многу повеќе од тоа.

И затоа фотографијата која настана во тунелот на двајцата играчи кои седат без дрес, испотени на скалите и гледаат еден кон друг е толку посебна. Разговараат безгрижно како некогаш сонувале за се она што денес го имаат.

На прв поглед човек ќе помисли дека тоа се две деца кои туку што завршиле со играњето на улиците во Росарио, па сега ќе отидат до нивните домови нешто да поткаснат, а подоцна повторно ќе излезат на улиците за до вечерните часови да играат фудбал и да се убедуваат дека еден ќе успеаат. А успеаа…

Росарио е нивни град од таму се започна. Како деца играа заедно, подоцна Евер премина во Бока, а Меси се упати за Шпанија и Барселона каде што стана најдобар фудбалер во светот, за многумина и најдобар на сите времиња.

„Сите знаат дека Евер и јас сме пријатели. Ми беше тешко кога дознав дека тој не оди, а јас одам“, изјави Меси во 2014 година кога Банега не се најде на списокот патници за Светското првенство.

Заедно со Аргентина освоија злато на Олимписките игри 2008 година во Пекинг.

Се пишуваше дека Меси од Барселона побарал да го доведе Банега на „Ноу Камп“, но се покажа дека тоа не е вистина. Но, нивното пријателство не престанува иако годините минуваат.

Затоа фотографијата на двајца возрасни луѓе со успешни кариери како седат на скалите е толку многу посебна и со голема приказна.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Сања: Арсенал е циркуз

Поранешниот играч на Арсенал не бираше зборови кога денеска на Скај Спорт го коментираше п…