Дома Фудбал Останато „Златна топка“: Ќе се доделуваат награди во две нови категории!

„Златна топка“: Ќе се доделуваат награди во две нови категории!

0

Фудбалот еволуира во секој сегмент.

Францускиот реномиран „Франс Фудбал“ објави дека оваа година ќе доделува награди во уште две нови категории – најдобар млад фудбалер до 21 година и „Златна топка“ за најдобрата фудбалерка во светот.

Наградата за најдобар млад фудбалер ќе го носи името на прославениот француски репрезентативец Рејмонд Коп, а право на глас ќе имаат сите живи добитници на „Златната топка“ која се доделува од 1956 година.

Новост е и тоа што оваа година таа награда ќе се доделува и помеѓу фудбалерките.

„Женскиот фудбал расте со голема брзина и заслужува почит како и светот на машкиот фудбал“, објасни уредникот на „Франс Фудбал“, Паскал Фере.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

На денешен ден е постигнат еден од најубавите голови во историјата на фудбалот (ВИДЕО)

Холандската фудбалска легенда Марко Ван Бастен на денешен го постигна еден од најубавите г…