Дома Фудбал Лига на шампиони Зидан: Што ако ни се падне Ливерпул? Ќе ги елиминираме!

Зидан: Што ако ни се падне Ливерпул? Ќе ги елиминираме!

Учесниците во нокаут фазата од Лигата на шампионите се познати, а ждребот ќе биде одржан на 16. декември.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Реал Мадрид во групата А заврши зад ПСЖ па поради тоа можеме да очекуваме некој спектакуларен судир уште во осминафиналето.

Потенцијален противник на Реал е и актуелниот шампион на Европа, Ливерпул, но Зидан не се плаши од англискиот тим.

После победата над Клуб Бриж (1:3) францускиот стратег самоуверено порача дека ако им се падне Ливерпул ќе го елиминираат.

„Ако играме против Ливерпул ќе ги победиме и ќе ги елиминираме. Ние на ждребот не можеме да влијаеме, наше е да играме“, изјави Зидан.

Минатата година Реал во Лигата на шампионите беше елиминиран од Ајакс кој оваа сезона не обезбеди место во топ 16.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Кињонес го постигна третиот најбрз гол во отворачки натпревар на Мондијалот

Напаѓачот на Мексико Хулиан Кињонес го разбуди стадионот „Ацтека“, постигнувајќи го првиот…