Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан е 100% сигурен дека првата ѕвезда на тимот Кристиано Роналдо ќе биде спремен за финалето против Ливерпул во Лигата на шампиони.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Роналдо се повреди за време на Ел Класико и на полувремето излезе од игра, па најверојатно ќе ги пропушти натпреварите против Севиља и Селта во Примера.
„Роналдо почна да оди само 48 часа после мечот. Тоа ја покажува неговата огромна амбиција. Сигирно ќе биде спремен за финалето, исто како и Иско и Кавахал. Во тоа можете да бидете сигурни 100%“, изјави Зидан.
„Финалето во Лигата на шампиони нема да биде дуел меѓу Кристиано Роналдо и Мохамед Салах. Не знам дали Салах ќе ја освои Златната топка, но навистина игра фантастична сезона. Меѓутоа, финалето е битка на Реал и Ливерпул, а не на Роналдо и Салах“, заклучи францускиот стратег.