Дома Фудбал Англија Зидан се согласил да го преземе Јунајтед и им се доверил на пријателите

Зидан се согласил да го преземе Јунајтед и им се доверил на пријателите

Иако се одиграа само два натпревари во новата сезона, се почести се шпекулациите дека Жозе Мурињо ќе го напушти кормилото на Манчестер Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Незадоволството на „Олд Трафорд“ се повеќе расте, а медиумите тврдат дека Мурињо набрзо може да добие отказ. Весникот „Дејли Мејл“ отиде чекор подалеку, тврдејќи дека клубското раководство е подготвено и со неговиот заменик. Според нивните информации, тоа ќе биде Зинедин Зидан.

Легендарниот Французин моментално е без работа откако го напушти Реал Мадрид. За својот период на чело на „белите“ тој успеа да ја освои три пати Лигата на шампионите, а сега дал согласност да го води Јунајтед.

Зидан на блиски пријатели им се доверил дека очекува понуда доколку Жозе Мурињо добие отказ во следните месеци и дека е подготвен да ја прифати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез го „одврза ќесето“: Познато колку пари Реал ќе мора да ѝ плати на Бенфика за Мурињо

По објавата на Фабрицио Романо за враќањето на Жозе Мурињо во Реал Мадрид, познато е и кол…