Француските медиуми тврдат дека Зинедин Зидан на лето ќе седне на кормилото на Пари Сент Жермен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Французинот е голема желба на „светците“, а наводно и самиот Зидан дал согласност да седне на клупата на ПСЖ.




ПСЖ веќе почнал преговори со Зидан, кој моментално е без ангажман, па Зизу ќе се обиде да го убеди и Мбапе да остане во Париз.




Бившиот тренер на Реал Мадрид наводно дал потврден одговор и во моментов се договараат последните детали со ПСЖ, а медиумите во Франција се сигурни дека тој ќе биде нов тренер на „светците“.




Маурисио Покетино сака да се врати во Премиер лигата и најверојатно ќе се пресели на „Олд Трафорд“, а со доаѓањето на Зидан „светците“ ќе му ја отворат вратата да се пресели на Островот.