Челниците на Манчестер Јунајтед веќе ја започнаа потрагата по нов менаџер, кој ќе го замени Оле Гунар Солскјер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според британнските медиуми бордот на директори и сопствениците Глејзер вчера имале виртуелен состанок, и решено е да му биде врачен отказ на норвешкиот тренер.
Медиумите тврдат дека веќе е избран негов наследник, а наводно изборот паднал на Зинедин Зидан, кој зад себе има импресивна биографија како тренер.
Зидан беше човекот кој создаде историски успех со Реал Мадрид и освои три титули по ред во Лигата на шампиони, а моментално е без ангажман.
Преговорите се во напредна фаза, а единствена пречка е сопругата на тренерот Вероник, која не сака да се пресели во Манчестер.
Што се однесува до неговата замена, првично Дарен Флечер ќе остане на кормилото, веројатно за натпреварите со Вилјареал и Челзи, а потоа, ако не се постигне брз договор со Зидан ќе се донесе уште еден привремен менаџер за до крајот на сезоната.
Фавори за таа улога е Лоран Блан.Поранешниот тренер на Бордо и ПСЖ како играчи настапуваше на „Олд Трафорд“ и добро го познава клубот.