Дома Фудбал Зидан: Нашата цел е финале во ЛШ

Зидан: Нашата цел е финале во ЛШ

Тренерот на Реал Мадрид, Зинеди Зидан не бара оправдување во големиот број на повредени играчи пред утрешниот дуел со Аталанта.

Зидан пред гостувањето во Италија јасно порача дека целта на неговиот тим е пласман во финалето.

„Знам што не чека утре. Работевме добро, концентрирани сме и сакаме доабр резултат. Имаме квалитет и искуство и нашата цел е пласман во финалето. Реал Мадрид во секој меч игра на победа, така ќе биде и на овој меч“, изјави Зидан.

Французинот даде коментар за многуте повредени фудбалери, меѓу кои Рамос и Безема. „Ние ги знаеме нашите силни страни и ќе се обидеме да го искористиме максимално. Го спремавме мечот со фудбалерите кои ги имам на располагање. Имаме доволно квалитет, не сум задоволен со реми, сакаме побед“, додаде Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двапати водеше против Јувентус, но Ваноли не се задоволува со бод: Треба да бидеме лути!

Фиорентина испушти две предности во ремито 2-2 со Јувентус, а Паоло Ваноли побара неговите…