Дома Фудбал Зидан му го удри Аудито, па навивачот го замоли за селфи (ФОТО)

Зидан му го удри Аудито, па навивачот го замоли за селфи (ФОТО)

Игнасио Фернандез возел низ Валдебебас минатата сабота кога доживеал мала собраќајна несреќа.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


При влегувањето на кружниот тек со своето Ауди А4 сакал да го пропушти возилото кое пред него. Во тој момент друг автомобил го удри од страна. Кога Фернандез излегол од автомобилот видел дека тоа е ни помалку, ни повеќе тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

„Кога го видов веднаш го препознав и му кажав: Би сакал да имав можност да ве запознаам на друг начин, но и вака не е лошо“, објасни Фернандез.

Секако не ја пропуштил приликата да се фотографира.

„Му кажав дека морам да направам селфи во спротивно никој нема да ми верува дека Зидан ме удри. Беше љубезен, ја извади капата и се фотографиравме“, изјави Фернандез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Мурињо се сѐ повеќе поврзува со Реал – конечно го прекина молкот и ги коментираше шпекулациите

Жозе Мурињо ги негираше медиумските гласини кои го поврзуваат со враќање во Реал Мадрид. Н…