Дома Фудбал Зидан и Конте спремни да го заменат Солскјер на „Олд Трафорд“

Зидан и Конте спремни да го заменат Солскјер на „Олд Трафорд“

Раководството на Манчестер Јунајтед во моментов му дава поддршка на менаџерот Оле Гинер Солскјер и не планира негова смена, пренесува еминентниот новинар Фабрицио Романо.

Од „Олд Трафорд“ се надеваат ситуацијата да се подобри во следните неколку недели и „црвените ѓаволи“ да почнат со позитивни резултати. Меѓутоа, ако работите не се променат, тогаш сериозно ќе се размислува за смена на Солскјер на кормилото.

Англиските медиуми пренесуваат дека главни кандидати за тренерското столче на Олд Трафорд се Антонио Конте и Зинедин Зидан.

Двајцата трофејни тренери во моментов се без ангажман и се спремни да ја прифатат понудата од еден од најголемите клубови во светот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…