Дома Фудбал Зидан го поддржува Рамос да оди на Олимпијада

Зидан го поддржува Рамос да оди на Олимпијада

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави дека ќе му даде поддршка на капитенот Серхио Рамос, ако дефанзивецот реши да настапи на Олимпијадата во Токио ова лето.

Шпанската репрезентација ќе настапува на Олимпијада, а Рамос може да биде еден од тројцата фудбалери повозрасни од 23 години.

„Новиот договор на Рамос? Според мене тоа може да биде многу лесно. Јас сакам да го имам Рамос во тимот, се е во ред. Тој е нашиот капитен, нашиот лидер и нашиот модел за останатите. Тој е важен за сите мадридисти и за сите фудбалери“, истакна Зидан.

„Неговата желба за Олимпијада? Доколку сака, се разбира дека треба да учествува. Јас ќе го поддржам, многу е возбудливо да играш за својата земја на таков настан“, заклучи Зизу.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Борусија Дортмунд го отстапи стадионот за пациенти со коронавирус

Борусија Дортмунд стана уште еден фудбалски клуб кој се вклучи во борбата против коронавир…