Дома Топ вести Зидан го откри играчот кој е најважен за Реал, но за чудо тоа не е Роналдо

Зидан го откри играчот кој е најважен за Реал, но за чудо тоа не е Роналдо

Францускиот стратег, Зинедин Зидан пред два дена ја доби наградата за најдобар тренер во 2017. година од страна на ФИФА.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Зидан така стана првиот човек во историјата кој ја добил наградата за најдобар играч, но и за најдобар тренер во светот, а тој по церемонијата одлучи да го пофали дефанзивецот на својот тим, Серхио Рамос.

„Серхио Рамос е нашиот капитен и тој знае каков е неговиот статус во нашиот тим. На крајот, тој е најважниот играч и е лидер во тимот. Реал Мадрид е најдобриот тим во светот и нашата цел е да продолжиме да создаваме историја со сите играчи и луѓе кои се во клубот“, изјави Зидан.

Потсетуваме, Рамос е во најдобриот тим за 2017. година од страна на ФИФА, а освен него од играчите на Реал тука се Марсело, Крос, Модриќ и Роналдо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона со план да го доведе Кејн

Барселона стапи во контакт со претставниците на Хари Кејн со цел да ги испита можностите з…