Голманот на Манчестер Јунатед, Давид Де Геа ги загрижи фановите откако на социјалните мрежи објави пост кој може да се протолкува како негово заминување од „Олд Трафорд“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, Давид Де Геа објави фотографија на социјалните мрежи со порака „Благодарам за вашата безусловна поддршка“, а медиумите тоа го протолкуваа како последен поздрав од фановите.
Thank you for your unconditional support! ?? Gracias por vuestro apoyo siempre! #mufc pic.twitter.com/kb98KTA7eF
— David De Gea (@D_DeGea) May 21, 2017
Де Геа пристигна во Јунајтед во 2011-та година од Атлетико Мадрид и од тогаш тој се етаблираше во еден од најдобрите голмани на светот. Познато е дека за неговите услуги подолго време се заинтересирани од Реал Мадрид, а пред две години неговиот трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ пропадна буквално во последните минути од летниот преоден рок.
Медиумите тврдат дека многу е веројатно ова лето Шпанецот да се врати во Мадрид, а овај негов пост само ги подгреа шпекулциите.