Дома Топ вести „Земјотрес“ во Барселона: Шест директори си поднесоа оставка

„Земјотрес“ во Барселона: Шест директори си поднесоа оставка

Управата на Барселона остана пократка за шест извршни директори во повеќе сектори во клубот по синоќешниот состанок.

Претседателот Хозеп Мариа Бартомеу ја загуби довербата па откако побара од Емели Росанд, Енрике Томас, Силвио Елиас и Жозеп Пон да ја напуштат функцијата нив им се приклучиле и Марија Тексидор и Жорди Калсамиља.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Имено шест членови на раководството на клубот си поднесоа оставки и си заминаа од Барселона. Тие за таа своја одлука ги запознаа останатите членовите на клубот, навивачите и јавноста, со заедничко писмо. 

Една од главната причина за таа „битка“ со Бартомеу,  е тоа што останатите луѓе од раководството застанале на страната на Меси, а притоа биле обвинети од претседателот дека издавале информации од клубот до медиумите.

„Дојде моменот кога стана невозможно да го вратиме клубот на правилниот пат пред клучниот предизвик по оваа епидемија. Сакам на сите вработени да им се заблагодариме за досегашното вложување и енегрија која ја посветија на Барселона“, стои во соопштението.

Според медиумите во Шпанија, наскоро ќе бидат организирани нови избори за претседател на клубот а извесно е дека Бартомеу ќе ја загуби довербата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Анчелоти ќе комбинира со составот против Барселона?

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ја пречекуваат Барселона, а Карло Анчелоти размислува…