Дома Фудбал Италија „Зборував со Анчелоти за Елмас и тој лично ми кажа дека станува збор за фантастичен играч“

„Зборував со Анчелоти за Елмас и тој лично ми кажа дека станува збор за фантастичен играч“

Елиф Елмас ова лето направи трансфер од Фенербахче во Наполи за сума од 16 милиони евра плус бонуси и со тоа стана најскапиот македонски фудбалер.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Засега според сите најави од Италија Елмас ќе биде важен дел од тимот на Анчелоти. Дека Анчелоти сериозно смета на Елмас потврди поранешниот голман од Серија А, Фернандо Орси кој е во одличен однос со стратегот на Наполи.

Орси откри дека зборувал со Анчелоти кој му кажал дека Елмас ќе биде важен дел од неговиот тим.

„Наполи има европски тим Алан и Зиелински правата одличен тандем, а тука се Фабијан и Елмас. Со Анчелоти зборував за Елмас и лично тој ми кажа дека станува збор за фантастичен фудбалер кој ќе биде важен дел од неговиот тим во новата сезона. И јас сум сигурен дека Елмас нема да биде резерва“, изјави Орси за наполитанското радио „Кис Кис“.

Сезоната во Серија А Наполи ќе ја започне за 20 дена, на 24-ти август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Неверојатни сцени: Халилходиќ во конфликт со навивачите на Нант

Натпреварот од последното, 34. коло на француското првенство меѓу Нант и Тулуз беше прекин…