Дома Фудбал За инат на критичарите: Балотели направи нешто што никогаш го нема направено во кариерата

За инат на критичарите: Балотели направи нешто што никогаш го нема направено во кариерата

Италијанскиот напаѓач Марио Балотели неодамна се најде на мета на жестоки критики поради проблемите со вишок килограми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Балотели покасно се придружи на тренинзите на Ница, а Роберто Манчини го отстрани од екипата на Италија за натпреварот со Португалија токму поради вишокот килограми. Италијанскиот напаѓач не се согласува со ова и очигледно одлучи нешто да направи по тоа прашање.

Францускиоте медиуми објавија дека утрово Балотели ги шокирал челниците на Ница поради тоа што прв пристигнал на тренинг. Марио по обичај последен доаѓаше на тренинг, но веќе неколку дена доаѓа прв во клубскиот тренинг камп.

Од Ница порачаа дека се позитивно изненадени од односот на Балотели и се очекува брзо да биде во конкуренција за натпревар. Тренерот Патрик Виеира порача дека Балотели му е потребен, но дека ќе се врати во екипата кога ќе биде потполно спремен за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Интересна изјава од Роналдо по испаѓањето од Мундијалот – ова никој не можеше да замисли дека ќе го каже

Кристијано Роналдо тешко го поднесе елиминирањето на Португалија од Светското првенство. П…