Дома Фудбал За Борусија Дортмунд вчера дебитираше „вундеркидот“ кој има 16 години

За Борусија Дортмунд вчера дебитираше „вундеркидот“ кој има 16 години

Борусија Дортмунд има вистински „вундеркид“ во своите редови, станува збор за Јусуфа Мукоко кој вчера доби шанса и да дебитира за првиот тим.

Овој млад голгетер пред два дена наполни 16 години и вчера стана најмладиот играч кој настапил во германското првенство.

Во игра Мукоко влезе во 85. минута кога го замени неверојтниот Ерлинг Халанд кој постигна четири голови во второто полувреме. На Мукоко му се најавува белскав и голема кариера. Дека има голем потенцијал докажа во младинските категории каде што на 88 натпревари постигна 141 гол и подели 27 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ливерпул подготвува разговори: Ван Дајк може да остане и по 2027 година

На „Енфилд“ се разгледува нов едногодишен договор за капитенот, но платата би можела да би…