Дома Македонски спорт Мак ракомет Засилување за шампионот: Ново име во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер

Засилување за шампионот: Ново име во стручниот штаб на Еурофарм Пелистер

Ракометниот шампион на Македонија, битолскиот Еурофарм Пелистер доведе засилување во своите редови.

26-годишниот Алексо Лембанов е нов асистент тренер на шампионот на Македонија и заедно со главниот тренер Бранислав Ангеловски и тренерот на голмани Ице Соколески го сочинуваат стручниот штаб.

 Се работи за млад стручњак, кој континуирано работи и се усовршува. Јавноста го запозна со работата во Пролет, а кратко беше во стручниот штаб на Ал-Сафа во Саудиска Арабија.

Лембанов ќе се приклучи на подготовките на екипата на Еурофарм Пелистер на Златибор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Вардар 1961 го освои Нант: Валах блескаше за голема гостинска победа!

Вардар 1961 славеше со 33-27 кај Нант за прва победа сезонава во ЕХФ Лигата на шампионите.…