Дома Топ вести Засилувањата на Барса 2.000 минути без постигнат гол!

Засилувањата на Барса 2.000 минути без постигнат гол!

Барселона не штедеше пари ова лето и донесе неколку големи засилувања на „Камп Ноу“, меѓутоа ниту еден од играчите кои пристигнаа летово сеуште нема постигнато гол за Каталонците.

Шпанскиот весник „АС“ пресмета дека шесте засилувања на Барса оваа сезона одиграле 1.983 минути без постигнат гол.


Каде ќе биде најинтересно викендов!? ↓↓↓


Имено, 90 минути одигра голманот Силесен на кого не му е работа да постигнува голови. Тука се и двајцата дефанзивци, Лукас Дигне и Самуел Умтити, од кои не се очекуваат баш многу голови, но нивните колеги од одбраната како Пике и Матије веќе имаат постигнато 4 голови.

Во редниот ред Андре Гомеш и Денис Суарез сеуште немаат дадено свој допринос со голови, а во нападот потфрли Пако Алкасер.

Јаспер Силесен (90 минути)
Самуел Умтити (431)
Лукас Дигне (408)
Андре Гомеш (417)
Денис Суарез (413)
Пако Алкасер (224)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Кога Гвардиола бил понуден на Црвена Звезда…

Не како тренер, туку како фудбалер…Гвардиола беше нуден на Црвена Звезда… На п…