Дома Останати Ракомет Заминува после 18 освоени титули со Барса: Ласе Андерсон има нов клуб!

Заминува после 18 освоени титули со Барса: Ласе Андерсон има нов клуб!

Ракометниот тим на Барселона наредната сезона ќе влезе со прилично изменет состав.

Боите на Каталонците од наредната сезона нема да ги брани Данецот Ласе Андерсон.

Тој четири години помина во Барселона, а негова наредна дестинација ќе биде Германија, поточно екипата на Фуксе Берлин.

За четири години поминати во Барселона Андерсон освои дури 18 титули, но заработи повреда на левото колено поради која 13 месеци беше надвор од терените.

„Им се заблагодарувам на соиграчите со кои играв во овие четири години. Ми беше задоволство да бидам дел од овој клуб. Сите се боревме и имавме спектакуларни моменти“, изјави Андерсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Откажан меч на Мундијалот,Зеленортските острови немаат доволно ракометари

Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) донесе официјална одлука за да го одложи натпрева…