
Фудбалерот кој во овој момент е член на Шангај во Кина, размислува за враќање во Европа.
Поранешниот фудбалер на Челзи, Оскар замина по богатство во Кина, но Европа веќе му недостасува.
Дерби на Италија во Серија А и битка за титула во Бундеслига ↓↓↓
Оскар го напушти Челзи кон крајот на 2016 година и премина во Кина за огромна сума на пари, „сините“ добија 70 милиони евра, но и Бразилецот стана еден од најплатените во светот, сепак тој сега истакнува дека сака да се врати.
Веројатно Оскар сфатил дека не е се во парите, но можеби и смета дека заработил доволно.
„Би бил среќен доколку се вратам. Секако би сакал тоа да биде повторно во Челзи, но не знам дали сеуште вратата на тој клуб е отворена за мене“, изјави Оскар за медиумите во Бразил.