Дома Топ вести Замената за Суарез во Барса може да биде најдобриот стрелец во младиските категории на Реал Мадрид!

Замената за Суарез во Барса може да биде најдобриот стрелец во младиските категории на Реал Мадрид!

Изненадување или не ова би била вистинска „бомба“ за шпансиот фудбал!

Челзи сака да го продаде Алваро Мората, најмногу се споменува Милан, но тоа се повеќе гласини бидејќи „росонерите“ имаат други поефтини опции, пред се Кваљарела кој доживува втора младост во Сампдорија.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


„Радио Каталонија“ сега пренесува една сензационална вест. Алваро Мората е понуден на Барселона!

Ова би било навистина неверојатен расплет. Најдобриот стрелец во младинските категории на Реал Мадрид кој се врати во клубот после две одлични сезони во Јувентус би бил замена за Суарез на кого времето му истекува.

Мората постигна 15 погодоци на 48 натпревари за Челзи, секако не ги исполни очекувањата, сега постигна 6 на 12, но Сари бара поинаков тип на напаѓач.

Според некои информации, Мората не е приоритет на Барселона, но би можеле да го доведат на позајмица со право на откуп. Би добил шанса во текот на вториот дел од сезоната и ќе покаже дали се во право оние кои сметаат дека може да се вклопи помеѓу Каталонците.

Платен е 65 милиони евра, плус бонуси, прашање е дали Челзи може да извлече повеќе од половина од таа сума, но секако Мората ако премине во Барселона во Мадрид би го чекал пекол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …