Дома Фудбал Англија Заврши ерата во матичниот Евертон: Руни на прагот на нов ангажман!

Заврши ерата во матичниот Евертон: Руни на прагот на нов ангажман!

Вејн Руни го напушта Евертон, би можело да се каже дека речиси и нема дилеми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Фудбалерор кој се прослави токму во споменатиот клуб, и кој славата ја стекна играјќи за Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Англија, сега дефинитивно би можел да го напушти Евертон, бидејќи не ги оправда вложените пари и по многумина не заслужува да ја прима платата која ја има.

32-годишниот напаѓач постигна 10 погодоци оваа сезона, а има уште една година до истек на договорот.

Сепак, има заинтересирани екипи за него и Евертон сега работи да го продаде.

Ди-Си Јунајтед од МЛС лигата е многу заинтересиран и според „Инсајдер“, Руни е во преговори со нив.

Овој клуб го сакаше Руни и изминатата година, но напаѓачот одлучи да остане во Англија. Дали овојпат исходот ќе биде поинаков?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ФИФА заборави на едно правило кое јасно покажува дека Хрватска била оштетена

Испаѓањето на Хрватска од Светското првенство по натпреварот против Португалија е главна т…