Плејмејкерот на Италија, Жоржињо зборуваше на пресконференцијата пред дуелот со Македонија во квалификациите.
Жоржињо е повратник во репрезентацијата и ги посочи очекувањата од дуелот со Македонија.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
„Очекувам затворена, компактна Македонија која ќе се обидува од контранапади да го загрози нашиот гол. Јасно е дека ќе треба да бидеме организирани, да нападнеме, да постигнеме гол на време. Македонија на последните два меча од два шута ни даде два гола, тоа не смееме сега да го дозволиме“, изјави Жоржињо.
„Спалети добро ме прими, задоволен сум што ме врати во репрезентацијата. Мотивиран сум. Ако има пенал, ќе го шутнам, нема да се повлечам. Не се плашам, подготвен сум да преземам одговорност“, додаде Жоржињо.