Дома Фудбал Италија Жозе го сака Интер, но им се нуди на ривалите: Јас сум професионалец!

Жозе го сака Интер, но им се нуди на ривалите: Јас сум професионалец!

Жозе Мурињо на клупата на италијанскиот Интер го имаше еден од најуспешните периоди во тренерската кариера.

Специјалниот од 2008. до 2010. година ги предводеше Нероаѕурите, а во 2010. ја освои тројната круна, со што ги освои срцата на навивачите на тимот од Милано.

Меѓутоа, Жозе тврди дека без оглед на фактот што има посебен однос со навивачите на Интер, без многу размислување би седнал на клупата на некој од неговите ривали.

„Би сакал да работа со пријателите, но претходно им се оддолжив со победите и трофеите. На сите сум благодарен, од претседателот, сопствениците, до играчите. Дадов се од се себе во секој клуб.“ – рече Мурињо и додаде:

„Кога заминам од некој клуб, зборувам само најдобро за нив. Не сум тип на човек кој ќе кажува погрдни зборови. Не! Секогаш сум позитивен.“

„Со Интер освои се. Тоа е посебен тим, но ако еден ден имам шанса да одам во Италија и тренирам некој ривал, нема два пати да размислувам. Јас сум професионалец и на таков начин гледам на работите. За мене тоа е сосема во ред.“ – додаде Жозе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Мурињо на шпанскиот новинар: Ако зборуваш лошо за мене, само внимавај (ВИДЕО)

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, порача дека пред враќањето на Сантијаго Бернабеу, не…