Дома Фудбал Жиру испиша историја за Франција: Сруши рекорд стар 63 години!

Жиру испиша историја за Франција: Сруши рекорд стар 63 години!

Францускиот напаѓач Оливие Жиру беше еден од стрелците во вчерашната победа на Франција против Австрија со 2:0.

Напаѓачот го постигна вториот гол на натпреварот во 65. минута откако Килијан Мбапе десетина минути порано го отвори резултатот. Со овој гол Жиру се запиша и во историјата на Франција како најстар стрелец.

Досегашниот рекорд со 35 години и 287 дена го држеше Роже Марш. Жиру голот го постигна со 35 години и 357 дена и така го сруши рекордот кој Марш го држеше цели 63 години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал и Јунајтед го следат, агентот јасен: Еспозито не мрда од Интер

Двата гола против Франција дополнително го истакнаа Пио Еспозито, но неговиот агент Марио …