Дома Фудбал Жестоки санкции за вечните белградски ривали: Фудбалскиот сојуз на Србија пресече!

Жестоки санкции за вечните белградски ривали: Фудбалскиот сојуз на Србија пресече!

Дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија жестоко ги казни Црвена Звезда Партизан.

Како што тврдат медиумите во Србија, вечните ривали ќе мораат да платат и по еден милион динари и тоа поради објава на соопштеијата во јавност и медиумското препукување со неаргументирани податоци.

Како што се наведува, ФС Србија на најголемите српски клубови им се закани со одземање на бодови доколку ја продолжат медиумската војна.

Исто така, Звезда дополнително е казнета со 150.000 динари поради балјидата на четири натпревари, додека Партизан доби казна од 100.000 динари од истата причина.

Санкциите за нередите на вечното дерби се уште не се изречени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вирц се разбуди, но сега доаѓа вистинскиот испит за ѕвездата од 116 милиони фунти

Три добри настапи ја вратија надежта дека Флоријан Вирц може да го повлече Ливерпул. Сепак…