Дома Македонски спорт Мак фудбал Женската фудбалска репрезентација до 19 години убедливо поразена од Босна

Женската фудбалска репрезентација до 19 години убедливо поразена од Босна

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години денес изгуби убедливо во Зеница во контролниот натпревар против Босна и Херцеговина.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Репрезентативките на Босна беа подобри од нашите девојки со 7:0. Победникот беше решен уште на самиот старт. После само половина час нашата селекција прими четири гола, а на пет минути до крајот на првиот дел го упативме првиот шиут кон голот и тоа од слободен удар.

И во вториот дел работите не се променија многу. Босанките постигнаа уште три гола за конечни 7:0.

Головите ги постигнаа: Алма Крајниќ, Наида Харачиќ, Маја Јелик, Марија Ана Миликовиќ, Софија Крајшумовиќ (2) и автогол си постигна Викторија Надева.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …