Дома Ракомет Е.Пелистер убедливо поразен од Магдебург и во вториот натпревар

Е.Пелистер убедливо поразен од Магдебург и во вториот натпревар

Tимот на Е.Пелистер ги заврши настапите во Европската лига откако денес битолскиот тим беше поразен и на вториот натпревар од Магдебург.

После победата на Магдебург од 24:32 во Битола пелистерци денес претрпеа нов висок пораз, овој пат од 35:24. За разлика од првиот натпревар во овој Е.Пелистер добро отвори и имаше неизвесност во првите 15 минути. Меѓутоа потоа како што одминуваше времето Магдебург го покажуваше својот квалитет и го зголемуваше водството.

Најефикасни кај Е.Пелистер беа Мандалиниќ со седум гола и Маџовски со пет.

Ќе потсетиме Битолчани во овој натпревар на Магдебург му се спротиставија без тренерот Жељко Бабиќ кој поради коронавирус е во карантин во Битола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митевска осма во олимпиското младинско финале на 100 метри во Дакар

Ева Митевска стигна меѓу деветте финалистки на Младинските олимписки игри и заврши на осма…